Харадинај на распит во Хаг

Премиерот на Косово во заминување Рамуш Харадинај и поранешниот претседател на косовското Собрание и портпарол на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Јакуп Красниќи денеска ќе бидат интервјуирани од Специјалното обвинителство за воени злосторства во Косово, чие седиште е во Хаг.

Харадинај, кој беше еден од командантите на ОВК во војната во Косово во 1998-99 година, отпатува за Хаг вчера, четири дена откако поднесе оставка на позицијата премиер на Косово, поради поканата за интервју во својство на осомничен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e