Хан: Турција наскоро ќе добие 300 милиони евра за школување на бегалците

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, најави денеска дека ЕУ кон крајот на месецот ќе потпише договор во вредност од 300 милиони евра со турското министерство за образование за да се помогне во школувањето на околу три милиони бегалци што моментно живеат во Турција. – објави Мета.

На денешниот состанок со шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, и со турскиот министер за европски прашања, Волкан Бозкир, еврокомесарот Хан изјави дека помошта од три милијарди евра од ЕУ за Турција за бегалците ќе почне да се исплаќа наскоро.

Турција и ЕУ денеска постигнаа договор да се намалат тензиите откако односите се заострија по неуспешниот обид за воен пуч на 15 јули.

Европска Унија вети помош во износ од три милијарди евра за потребите за згрижување на сириските мигранти во Турција, во замена за помош од страна на Анкара за да се сопре приливот на нелегални мигранти во Европа.

Извор: Мета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e