Грабар-Китаровиќ: Ми кажаа грешен број, заокружете два

Хрватската претседателка и кандидатка за нов мандат, Колинда Грабар-Китаровиќ изјави денеска дека по грешка ги повикала избирачите да гласаат за нејзиниот противкандидат Зоран Милановиќ во вториот круг од претседателските избори, бидејќи погрешно и го кажале бројот на листата.

„Ве молам заокружете го бројот 2. Утрово погрешно ми кажаа. Два, два како викторија, како победа, одиме заедно до победа“, изјави Грабар-Китаровиќ.

Таа утрово на загрепската Н1 телевизија по грешка ги повика избирачите во вториот круг од претседателските избори да го заокружат бројот 1, чиј носител е всушност нејзиниот противкандидат Милановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e