Големо невреме го зафатило хрватскиот полуостров Истра

Западниот дел на хрватскиот полуостров Истра во текот на вчерашниот ден бил погоден од силно невреме.

Хрватските медиуми јавија дека најпогоден бил реонот околу градот Пореч каде наврнало многу дожд. Пожарникарите интервенирале на околу 30 повици поради поплави во семејни куќи, подруми и деловни простории.

Според сведоштвата на жителите, дождот буквално ги поплавил улиците во стартиот дел на градот.

Голем број на граѓани неможеле да се движат по поплавените улици и останале заглавени во своите возила.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e