Го нападнале градоначалникот зашто сакал да прими бегалци

Градоначалникот на Оерсдорф, град во близина на Хамбург на северот на Германија денеска е тешко повреден во напад во кој мотивот според полицијата е поврзан со ксенофобија.

Градоначалникот Јоаким Кебшул (61) бил удрен во задниот дел од главата со метална шипка или дрвен стап додека одел на состанок во градското собрание на Оерсдорф. Откако од ударот паднал во несвест бил префрлен во болница, а засега непознатиот напаѓач избегал од местото на нападот, јавуваат германските медиуми, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Предходно градоначалникот добивал смртни закани, а градскиот совет морал да откаже два состаноци на кои требало да се одлучи дали бегалци можат да се сместат во градот, поради закана за бомба.

Градоначалникот изутрината добил заканувачко писмо во кое пишувало: „Тој што не слуша мора да почувствува“. Од почетокот на бегалската криза и покрај критиките од голем број Германци Кешбул постојано се залагал за прием и интеграција на луѓето што бегаат од војна.

Од почетокот на бегалската криза лани во август во Германија се случиле над 1000 напади врз бегалци и сместувалишта за мигранти. Досега само 5отсто од нападите имале судска разрешница.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e