Германија бара работници: Во кои сектори има најмногу слободни работни места?

Германија има потреба од работници во многу сектори.

Недостигот на работна сила во последно време најмногу расте во професиите од транспортниот сектор. Ова го покажа студијата на Центарот за работни компетенции (Кофа) на Институтот за германска економија (IW).

Скоро 80 отсто од позициите за контрола и оперативна услуга во железницата, 2.265 од нив и 45 отсто од позициите на машиновозачите, повеќе од 4.000, се непополнети.

Највисоката стапка на раст на дефицитот на квалификувани работници од лани, 89 отсто, се однесува на возачите на автобуси и трамваи. Непополнети се дури 3.594 места затоа што немаше квалификувани кандидати.

Авторите на студијата го припишуваат зголемувањето првенствено на зголемувањето на побарувачката за квалификувани работници поради напорите на државата, во рамките на климатските цели, да го насочи населението кон железничкиот транспорт.

Многу Балканци се отселија во Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e