Фокс њуз наведува дека според нивните проекции, Доналд Трамп ќе стане 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави.
Во моментов Трамп има 266 електорски гласови, додека Харис заостанува многу и има 188.
За победа се потребни 270, што значи дека Трамп е блиску до победа.
„Ви благодарам на сите, ова е одлично. Ова е движење што никој досега не го видел. Ова е најголемото политичко движење на сите времиња. Никогаш немало вакво движење во Америка. И сега ќе достигне ново ниво на важност. Ќе ја излечиме Америка. Се ќе средиме кај нас. Поминавме пречки за кои многумина мислеа дека е невозможно да се преминат. Ова е политичка победа каква што Америка никогаш не видела. Сакам да му се заблагодарам на американскиот народ за поддршката“, изјави Трамп во обраќањето до јавноста.