Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави можни нови промени во Владата по оставката на министерот за внатрешни работи Ефкан Ала во средата.
Тој, меѓутоа, истакна дека не е информиран за било какви конкретни потези на премиерот Бинали Јилдирим.
– Можеби, како што минува времето, би можеле да видите слични промени во другите министерства, но не сум слушнал од премиерот. Нашата Влада го продолжува одлично својот пат, нагласи Ердоган.
Засега не е позната причината за оставката министерот за внатрешни работи, која се случи во момент додека Турција се пресметува со луѓето кои ги сомничи за поврзаност со неуспешниот обид за пуч на 15 јули.