Ердоган е старо-нов претседател на Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи победа и им се обрати на своите поддржувачи по објавувањето на првичните резултати.

„Да даде Господ, ќе бидам достоен за вашата доверба како што бев во изминатите 21 година. Заедно сме до гроб“, рече Ердоган.

„Пред изборите реков дека оваа љубов не завршува тука. Бај, бај Кемал“, рече Ердоган.

Тој кажа дека победата „ја отворила вратата за новиот турски век“.

„Главната опозиција ќе го смета мојот ривал одговорен за лошиот резултат“, додаде Ердоган.

Како што рече, победникот на изборите и на 14 и на 28 мај се сите 85 милиони граѓани.

„Упатувам благодарност до секој поединец од нашиот народ кој со својот избор уште еднаш ни ја даде одговорноста за раководење со земјата во наредните пет години“, рече Ердоган.

Претседателот на Врховната изборна комисија на Турција, Ахмет Јенер, претходно истакна дека се пребројани 75,42 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во земјата, јави новинската агенција Анадолија. Според резултатите, Ердоган води со 53,41 отсто гласови, додека опозицискиот кандидат Киличдароглу добил 46,59 отсто поддршка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e