Еди Рама: Жителите погодени од земјотресот ќе добијат нови домови до средината на следната година

Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Курбин се состана со локалните жители на Фуше-Мамурас каде каде изрази уверување дека до средината на следната година повеќето жители погодени од земјотресот, што се случи на 26 ноември, ќе влезат во нови домови.

Рама ја провери денеска ситуацијата во Фуше Курбин, каде се подигнуваат зимски шатори и каде врз урнатини на куќите ќе се градат други.

Градоначалничката на Курбин, Мајлинда Шалси, го извести премиерот дека општинските тимови подигнале 17 зимски шатори во областа, додека на терен се вршат инспекции.

Таа рече дека некои домови биле оштетени во областа од земјотресот од 21 септември.

Албанскиот премиер ги увери жителите дека ќе бидат сместени во нови домови, а истовремено ги повика да бидат трпеливи.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e