Еден загинат и најмалку тројца повредени во пукотница во Отава, напаѓачот опколен од полицијата

Едно лице е убиено, а три се потешко повредени во пукотницата до која дошло утринава во 7,30 часот по локално време (13,30 по средноевропско) во главниот град на Канада, Отава.
Полицијата добила повик дека е дојдено до пукотница и дека повеќе лица се ранети, по што веднаш го блокирала тој дел од градот, што се наоѓа на само еден колометар од канадскиот Парламент на „Parliament Hill“. Полицијата притоа  ги замолувала граѓаните да го одбегнува тој дел од градот.
На терен се наоѓаат екипите за итна помош, а според првичните информации едно лице е убиено, а тројца се посериозно повредени и префрлени во болница. Нивната возраст и пол се уште не се познати.
Полицијата се уште не го уапсила напаѓачот, но наведува дека го има опколено. сд/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e