Џонсон: Во интерес на ЕУ е да направат трговски договор со нас

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека неговата земја ќе постигне трговски договор со Европската унија пред крајот на следната година.

-Во нивен (ЕУ) голем интерес е да направат договор со нас и не се сомневам дека ќе го направат тоа. И ако ме прашате дали можам апсолутно да гарантирам дека ќе има договор, мислам дека можам, рече Џонсон во текот на посета на една фабрика во централна Англија.

Џонсон уште еднаш повтори дека Велика Британија ќе ја извади од ЕУ до крајот на јанаури.

Тој рече и дека нема да го продолжува преодниот период што требало да се заврши во декември 2020 година, и покрај тоа што критичарите тврдат дека не останува доволно време за постигнување нов трговски договор.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e