Џонсон планира да бара продолжување на рокот за Брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон ќе побара продолжување на рокот за Брегзит, што истекува на 31 октомври, освен ако не биде постигнат договор за излез од Велика Британија до средината на месецот, според документот доставен до Шкотскиот суд од страна на Владата.

Документот, цитиран денеска од адвокатот Џо Могам, сугерира дека Џонсон има намера да се придржува кон законот донесен од Парламентот со кој се бара да го одложи Брегзит ако договорот не биде постигнат до 19 октомври.

Могам застапува пратеници и активисти кои се обратија до суд во Шкотска во обид да го обврзат Џонсон да го почитува законот.

Џонсон јавно кажа дека нема да бара продолжување на рокот од ЕУ под никакви околности и дека планира да ја изведе Велика Британија од ЕУ како што е закажано на 31 октомври, со или без договор.

Британскиот премиер во средата до Брисел достави нов предлог, но претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави вчера дека со последната понуда не ја убедил Унијата.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e