Десет лица повредени во експлозија во бар во Милано

Силна експлозија одекнала во бар во централниот дела на северната италијанска метропола Милано утрово во два часот, при што се повредени десет лица, соопштија италијанската полиција.

Сите повредени се хоспитализирани во неколку милански болници, но нивните животи не се загрозени.

Според прелиминарната истрага, во моментот на експлозијата локалот веќе бил затворен. Сите настрадани се станари од првиот кат од зданието во кое се наоѓал барот.

Експлозијата предизвикала пожар, поради кој станарите од околните згради биле евакуирани. Некои од повредените се задушиле со чадот, а пожарот брзо бил изгаснат и станарите се вратиле во своите домови.

Полицијата не ја исклучува можноста експлозијата да била подметната, иако првичните сомневања се дека станува збор за истекување на гас за домаќинства, и соопшти дека уште се води истрага за инцидентот.

Мета

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e