Црна Гора се вброи меѓу 10 земји во Европа со најмногу самоубиства

Црна Гора се вброи меѓу 10 земји во Европа со најмногу суицид откако во 2018 година дури 99 лица извршиле самоубиство.

Весникот „Дан”, според податоците на Светската здравствена организација, објави дека просечно околу 110 граѓани во Црна Гора годишно извршуваат самоубиство, а тоа претставува зголемување за 35 проценти од почетокот на 21 век.

Причината се бара во зголемениот број на лица кои страдаат од депресија и зависници од алкохол и дрога.

Од акцијата за човекови права, ги повикаа надлежните институции (Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална заштита, Министерството за правда) итно, во рамките на нивните надлежности, да ги преземат мерките предвидени со Стратегијата за заштита и унапредување на менталното здравје во Црна Гора.

Се бара и да се воспостави телефонска линија за да им се помогне на децата и младите во криза и да се подобри функционирањето на тимовите формирани во центрите за ментално здравје.

„Нема соодветни услови за лечење на лицата со ментални заболувања во Црна Гора“, велат од организацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e