Црна Гора на 1 јануари го презема претседавањето со ЦЕИ

Црна Гора на самитот на ЦЕИ во Рим, на кој се поканети 16 претседатели на влади, ќе го преземе од Италија ротирачкото претседавање со Иницијативата, најстар и најголем механизам на територијата на Централна и Источна Европа, во кој членуваат 17 држави, соопшти црногорската Влада.

Со преземање на едногодишното претседавање со ЦЕИ, кое почнува на 1 јануари, Црна Гора ќе ја потврди поддршката на активностите на ЦЕИ за создавање одржлив и просперитетен регион, истовремено промовирајќи кредибилна европска перспектива на земјите кандидатки за членство во ЕУ.

– Учеството на високо ниво ќе претставува дополнителен придонес за афирмација на Црна Гора на регионалната и европската мапа, а пред се ќе има позитивно влијание врз продлабочување на односите со таа мултилатерална регионална организација, посебно од аспект на поголем интерес на институциите и стопанските субјекти во Црна Гора за проекти кои се финансираат од фондовите на ЦЕИ, се наведува во соопштението.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e