Црна Гора ќе исплаќа до 2.500 евра надоместок за секое новороденче

Во Собранието на Црна Гора вчера едногласно беше усвоен новиот модел на исплата на надоместоци за новороденчиња, според кој надоместоците за новороденчињата ќе изнесуваат до 2.500 евра.

Овој модел е усвоен на предлог на Демократска Црна Гора.

Демократите потсетија дека новиот модел предвидува исплата на додаток за новороденчиња до 2.500 евра, 1.000 евра за прво, 1.500 за второ дете, 2.000 евра за трето и 2.500 евра за четврто и секое наредно дете.

– Наместо досегашните 900 евра, на родителите во иднина ќе им се исплаќаат надоместоци до 2.500 евра во зависност од тоа дали детето е првородено, второродено, третородено или четвртородено. На двојките кои ќе станат родители по стапувањето во сила на овој закон годинава ќе им биде исплатена сума од 1.000 евра, а разликата до целиот износ на одобрениот надоместок според прогресивниот модел ќе биде исплатена во првиот квартал од 2025 година што е резултат на компромис и договор со колегите од парламентарното мнозинство кои управуваат со финансиите во Владата на Црна Гора – се вели во соопштението на демократите.

Според нив, Демократска Црна Гора продолжува да води силна социјална политика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e