Четворица загинати при инцидент во болница во Чикаго

Четири лица загинаа при вооружен инцидент во болница во американскиот град Чикаго.

Според очевидци, инцидентот започнал кога вооружен маж пукал кон жена на паркинг пред болницата. Тие се движеле заедно на паркингот, кога мажот се свртел кон жената и неколку пати ја застрелал во градите. Откако таа паднала, тој застанал над неа и продолжил да пука.

Потоа вооружениот маж влегол во болницата и почнал да пука по случаен избор. Притоа, биле ранети четири лица, меѓу кои и полицаец и доктор, кои подоцна им подлегнале на здобиените повреди.

Последната жртва е напаѓачот, кој на крајот, бил ликвидиран со истрели од огнено оружје од страна на полицијата.

Портпаролот на полицијата на Чикаго, Антони Гулиелми информира дека инциднетот се случил во болницата „Мерси“.

Во Чикаго минатата година биле регистрирани 675 убиства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e