Четири лица загинаа во бомбардирање на центар за дистрибуција на хуманитарна помош во Украина

Четири лица се убиени во Украина при руско бомбардирање на центарот за дистрибуција на хуманитарна помош во Орихово, изјави денеска регионалниот гувернер, опишувајќи го нападот како „воено злосторство“.

– Погодија центар за дистрибуција на хуманитарна помош во станбен дел … Четири лица загинаа на лице место, жени на 43, 45 и 47 години и маж на 47 години, напиша гувернерот Јуриј Малашко на социјалните мрежи.

На крајот на февруари 2022 година, Русија почна инвазија врз Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e