Брачен пар од Ирска место меден месец доживеал пекол во Грција

Брачен пар од Ирска кои биле на меден месец во Грција доживеале вистински пекол. Невестата е повредена во пожарите кои што ја зафатија околината на Атина, а младоженецот исчезнал во огнената стихија и по него се трага.

Зои Холохан и Брајан О’ Калаган Вестроп од Даблин се венчале минатиот четврток, по што заминале на свадбено патување во Грција. Бие сместени во близина на популарното одмалиште Мати, на околу 30 километри од Атина, кое е најпогодено од пожарите.

Брачниот пар на возраст од 40 години, се обидел да побегне од хотелот во кој биле сместени, кога пламените јазици ја зафатиле областа. Притоа се раздвоиле.

„Сликата беше многу хаотична. Беа принудени да побегнат од хотелот директно во пеколот. Рипнаа во автомобилот кој поминуваше покрај нив, но пламен имаше на сите страни“, раскажува сведок.

 

Младата жена има изгореници по главата и на рацете и во моментов се лекува во една грчка болница. Но, од нејзиниот сопруг нема никаква трага. Неговите пријатели и семејството очекуваат вести за Брајан.

Ирското Министерство за надворешни работи и помага на Зои и на грчките спасувачки тимови да го пронајдат нејзиниот сопруг.

Досега во 15 пожари кои симултано избувнаа околу Атина погинаа најмалку 79 лица, а повредени се над 150.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e