Бебе пронајдено мртво во автомобил во Рим, мајка му мислела дека е во градинка

Голема трагедија се случи во Рим, во приградската населба Чекињола. Девојче помладо од една година е пронајдено мртво во автомобил, а според првичните информации девојчето останало само неколку часа во возилото, пишува Corriere della Sera.

Во тек е истрага за реконструкција на приказната, а полицијата ја обезбеди областа за да може да се спроведе истрага.

Според неофицијални информации кои ги пренесува „Кориере дела сера“, таткото го паркирал автомобилот за да го однесе детето во градинка што ја користат вработени во Министерството за одбрана. Мајката требало да го земе детето од градинка, но кога ги прашала дежурните за нејзината ќерка, тие и рекле дека детето го нема.

Во тој момент го здогледала автомобилот на нејзиниот сопруг со детето внатре и веднаш и се слошило.

Жена случан минувач веднаш се јавила на 911, но за жал, веќе било доцна. Не можеле да го спасат малото девојче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e