Aризона и Ајдахо ги забранија абортусите, освен во исклучителни ситуации

Властите на сојузните држави Ајдахо и Аризона со закон ги забранија абортусите освен во исклучителни ситуации. Во Аризона е забрането да се прекинува бременоста по петта недела, а во Ајдахо се забрануваат абортуси на фетуси со генетска аномалија.

Гувернерот на Аризона, Даг Дјуси потпиша закон за забрана на абортуси доколку постојат признаци на генетска аномалија на фетусот.

– Секој живот содржи неизмерна цена независно од генетскиот состав. Денеска потпишав закон за предимство на животот на нашите неродени деца и заштита на оние со генетски абнормалности, напиша Дјуси на Твитер.

Гувернерот на Ајдахо, Бред Литл синоќа, пак, потпиша закон за забрана на прекин на бременоста откако во фетусот е детектирано срцебиење, кое обично се појавува во петта или шеста недела.

– Државата Ајдахо го цени животот на најневините, нашите деца… Во Ајдахо, стотици и стотици деца годишно го губат животот како резултат на абортуси, тоа е незамислива трагедија, се вели во изјавата на гувернерот.

Законот предвидува исклучоци само ако медицинската дијагноза или бременоста е разултат на силување или инцест. Во Аризона, пак, забраната на абортус при генетскa аномалија на плодот предвидува исклучоци кои го загрозуваат животот или се ризик по здравјето или животот на мајката

За непочитување на законот предвидени се затворски казни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e