Апокалипса во Њујорк: Еден загинат во катастрофалните поплави

Најмалку едно лице загина во обилни врнежи во поголемиот дел од државата Њујорк во неделата навечер, предизвикувајќи поплави.

Неколку десетици возачи мораа да бидат спасени кога нивните возила се заглавија на поплавените патишта, соопштија локалните власти.

Областа на долината Хадсон беше најтешко погодена од невремето во неделата, а некои области наврнаа и до 20 милилитри дожд, соопшти Националната метеоролошка служба.

Епицентарот на невремето го погоди Вест Поинт, американската воена академија во округот Оринџ, објави Њујорк Тајмс.

Покрај Њујорк, невремето ја погоди и Пенсилванија.

Каналот Метео прикажа видео снимки од поплавените улици во Квебек Сити, каде на заглавен возач му требаше помош.

Метеоролошката служба предвидува дека денеска може да се случат катастрофални поплави.

Метеорологот Брајан Џексон изјави дека метеоролошката служба очекува значителни, а на некои места и катастрофални последици поради врнежите, пренесе Ројтерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e