Американските служби предупредуваат: На Македонија, Албанија, БиХ и Косово им се заканува опасност од тероризам

Функционер од Националниот совет за безбедност смета дека „земјите како БиХ, Косово, Македонија и Албанија се посебно ризични ако се земе во предвид дека социоекономските фактори се предуслови за радикализација“.

Спенсер Бојер од Националниот совет за безбедност на САД изјави дека Макдонија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина се посбено нестабилни и чувствителни земји на тероризам, а извршниот директор на Институтот за актуелни светски прашања при SAIS, Едвард Џозеф смета дека луѓето како Милорад Додик се проблем за дестабилизација на Балканот.

Споменатите американски функционери го истакнаа тоа на конференцијата посветена на екстремизмот на Западен Балкан кој беше одржан во Центарот за трансатлантските односи SAIS при Универзитетот „Џонс Хопкингс“ во Вашингтон на кој што учествуваа експерти од областа на националната безбедност и експерти за Западен Балкан.

1

„Луѓето како Милорад Додик кои што континуирано ја дестабилизираат Босна и Херцеговина се голем проблем. Неопходно е да им се спротиставиме на таквите луѓе. Меѓуетничките тензии се голем проблем. Можеме да видиме и дека некои работи немаат врска со исламот, како земјите како Србија и Хрватска“, изјави Џозеф.

Бојер кој беше заменик за безбедност за американскиот државен секретар во Националниот совет за безбедност потенцираше дека „земјите како Македонија, Албанија, Косово и БиХ се посебно ризични ако се земе во предвид дека социоекономските фактори се предуслови за радикализација“.

Поради тоа, како што вели тој, во овие земји има голем број на таканаречени „странски борци“ по глава на жител, односно борци кои што веќе биле на фронтот во Сирија и Ирак и потоа се вратиле назад дома.

2

„Радикалниот екстремизам на пример ги повредува полицајците на Балканот. Тој може да креира институционални проблеми и да подигне етнички тензии“, вели Бојер и додава:

„Стабилизацијата на Балканот е од голем интерес на САД. Лидерите како што е Владимир Путин и некои регионални играчи би сакале да видат дестабилизација на тоа подрачје. Од друга страна, добро е што земјите од Западен Балкан го третираат овој проблем многу сериозно“, додаде тој.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e