Албин Курти на гости кај Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама синоќа се сретна со лидерот на Движењето “Самоопределување” и иден премиер на Косово Албин Курти.

Средбата траела  неколкучаса, а за неа на Фејсбук се огласи Рама, пишувајќи дека разговарале за многу прашања околу унапредувањето на соработката, како и “координацијата на двете влади”.

Ова е прва средба на Курти со Рама по победата на неговата партија на предвремените парламентарни избори, што во Косово се одржаа на шести октомври.

Рама на Фејсбук постира и фотографија од средбата, остварена, како што напиша, за време на кусата пауза од средбата, со дел од екипата што во Албанија го снима филмот” Милошевиќ и јас”.

Станува збор за комедија, во косовско – француска копродукцијa, во режија на приштинскиот режисер Арбен Кастрати, а во кој настапува познатиот француски актер Жерар Депардје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e