Албанскиот претседател Илир Мета на 8 декември организира сенационален собир

Албанскиот претседател Илир Мета на 8 декември организира сенационален собир „со цел започнување дијалог со Албанија“.

Неговиот портпарол Теди Блуши објави неколку детали за собирот преку пост на Фејсбук.

Според Блуши, овој дијалог е насочен кон заштита на демократијата и Уставот.

Портпаролот на претседателот додава и дека дијалогот на претседателот Мета со Албанците никој не може да го спречи.

„Драги колеги, заради вашиот голем интерес да дознаете повеќе детали за националниот собир што го свика претседателот на Републиката, Илир Мета, на 8 декември 2019 година, на Денот на младите ви објаснувам: Отпочнувањето на дијалогот на претседателот Мета со Албанија има за цел да ја заштити демократијата и уставот! Дијалогот на претседателот Мета со Албанците никој не може да го спречи се додека не се спроведе уставната обврска за референдумите, напиша Блуши.

Додава дека се одлучни да одат до крај и оти демократијата не ја даваат под концесија.

„ Сега само директна демократија! Сега само референдум! Албанија пред се! Албанците над се“, наведува Блуши.

Инаку, по најавите од страна на владејачкото мнозинство во Албанија, дека ќе го сменат Уставот во надлежностите за давање заклетва кај шефот на држвата, во вчерашната реакција Блуши најави дека доколку се случи тоа „ претседателот ќе биде во Собрание заедно со народот“.

-Во врска со најавата дека неуставнот парламент одлучил да одземе уставни ингеренци на претседателот, единствената легитимна институција во државата, сакам да ве информирам дека истиот ден кога тоа ќе се случи, преседателот ќе биде присутен таму, но заедно со албанскиот народ, напишал Блуши на својот Фејсбук профил.

Иницијатвата за смена на Уставот мнозинството ја почна на вонредна седница на парламентот и изгласа резолуција, откако Мета ги повика граѓаните „да ја преземат судбината на државата во свои раце“.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e