Зошто Мицкоски повикува на протести?

Ви пренесуваме дел од колумната на Ерол Ризаов за „Независен“:

-Христијан Мицкоски со наследниците на Никола Груевски ја отвораат сезоната зима-пролет со масовни маршеви и протести. Го мобилизираат членството да се спаси Македонија од Европа, од НАТО и од ВМРО-ДПМНЕ. Идеално време за хаос пред донесување на уставните измени во Собранието и руската закана дека договорот со Грција треба да оди на седница Советот за безбедност на ОН, каде што ќе следува руското вето. Оваа директна закана се совпаѓа со активностите во земјата да не се усвојат уставните измени. Дестабилизацијата на државата би била добар доказ дека Македонија го проблематизира своето членство во НАТО и во ЕУ со наметнат договор со Грција, диктиран од Запад и од Америка. Тоа Русија го претставува како притисок против волјата на граѓаните.

Стратезите на ВМРО-ДПМНЕ за спасување на Македонија велат оти сега му е мајката да се покаже дека партијата е жива и здрава и подготвена за нови подвизи, иако темелите се нишаат заедно со белата палата како да удрил земјотрес од десет степени по Рихтер. Се тресе куќата на стравот заедно со станарите бидејќи од камен-темелникот, па сè до последната ќерамида, сè е украдено од парите на граѓаните за што се води судска постапка.

Илјадници трагични судбини се изѕидани во ова злосторничко здание во кое тираните ги проектираа големите несреќи кои им ги нанесуваа 11 години на граѓаните на Македонија.

Целата колумна на „Независен“ на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e