Жерновски: Од кичерајската барокна фасада на МЕПСО, со еден ветер одлетаа неверојатни 11 милиони евра

Од кичерајската барокна фасада на МЕПСО, со еден ветер одлетаа неверојатни 11 милиони евра од џебот на македонските граѓани, напиша на фејсбук Андреј Жерновски.

„Парчињата стиропор и гипс, опасно по живот паднати и расфрлани околу нас, сведочат за криминалот на Груевски и неговите соработници, денес актуелни во врвот на, сè уште, неговата партија.

Толку ли беше тешко со тие пари, потрошени за нивниот барок, да се изградат нови и квалитетни градинки, училишта, студентски домови, болници, мостови или патишта?“, истакна Жерновски.
Zernovski

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e