Здравковска Стојчевска: Зошто воопшто Македонија има царини за увоз на нешто што не се произведува во земјава?!

Антикорупциска ќе испитувала скриени интереси на вицепремиерот Анѓушев околу владината одлука за намалување на царина за литиумски батерии за акумулатори.

Вистинското прашање е зошто воопшто Македонија има царини за увоз на нешто што не се произведува во земјава?! Што штитиме со овие царини?

Овие царини и уште еден куп други небулозни царини кои го обременуваат работењето на многу производни фирми, требало одамна да бидат укинати!
Зошто токму нивното постоење отвора простор за корупција на политичари.

Ова е еден од проблемите заради кои во Македонија е се поскапо да се прозведува, а многу полесно да се увезува.

ФБ статус на Билјана Здравковска Стојчевска 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e