Збунетиот Мицковски

Мицковски бара вонредни парламентарни избори не затоа што верува дека ќе победи туку само да добие можност да им го прекине мандатот на оние пратеници од ВМРО и од ГРОМ кои гласаа за договорот.Тоа би биле избори за одмазда кон своите.
И во таа глупа игра час го глуми Црвенковски од 2011 час Али Ахмети од 2014.

Црвенковски по упадот на специјалните сили во тв А1 исто така повика на вонредни избори и ги изгуби. Да беа една година подоца во редовен рок веројатно ќе победеше.

Али Ахмети во 2014 му помогна на Груевски со изјавата дека ако не најдат консенсуален кандидат со ВМРО за претседател на државата, бара да се одржат вонредни парламентарни заедно со претседателските. И тоа добро му дојде на Груевски бидејќи веднаш прифати и вонредни парламентарни на денот кога се одржуваше вториот круг од претседателските со што обезбеди цензус за избор на Иванов.

Кај нас историјата се повторува и никој од неа не извлекува поуки.

На СДСМ во ваков случај му одговараат вонредни парламентарни на денот кога ќе се одржува вториот круг на претседателските. Мицковски ќе доживее пораз на двата избори а потоа ќе биде сменет и од функцијата. СДСМ и ДУИ одново ќе формираат стабилна коалиција за следните 4.години.

Опозицијата се уште не е стабилизирана и е разединета.

Со кампања за претседател кој ќе ветува поништување на Договорот со Грција, укинување на Законот за јазиците и зборувањето само за “црнила” и “политички прогон” опозицијата ќе ги мобилизира тврдокорните но тие не и се доволни ниту за победа ниту за владина коалиција.А не е чудо движењето “Македонија бојкотира”да излезе и со свои листи и кандидати. И така Мицковски не сакаше да им се обрати.

Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e