За мотивите на Ацо Лукароски да се активира во политиката…

Вчера едно лице ме обвини дека целата моја политичка активност била мотивирана од личната желба да станам пратеник од дијаспората… И плус уште еден мотив ми биле парите…

Иако не верувам дека во иднина ќе има воопшто пратеници од дијаспората, би сакал да кажам неколку зборови во врска со ова…

Немам никакви политички амбиции… Ниту за пратеник, ниту за било каква политичка платена функција… И тоа никогаш нема да се смени…

Што се однесува до некаква си материјална корист, ќе кажам дека откако бев избран за претседател на СДСМ – Торонто, а и пред тоа, немам земено ниту еден денар и ниту еден цент… За парите што сум ги давал досега, не сакам да зборувам… Единствено ќе кажам дека никогаш, и на ниту еден начин, нема да барам од партијата надоместок за нив…

Сакам да истакнам уште нешто…
Со моето јавно декларирање за СДСМ, како бизнисмен изгубив многу клиенти меѓу македонските иселеници овде во Канада… Многу симпатизери ме напуштија без објаснување, а многумина ми се извинија што ќе се откажат во иднина од моите услуги, за да не помислеле луѓето дека се за СДСМ…
И овие материјални губитоци нема во иднина да се обидам да ги компензирам, никогаш и на ниту еден начин…

Како веб-дизајнер и веб-дивелопер ги креирав вебсајтовите на Виножито, ОМО „Илинден“ – ПИРИН, Македонците во Албанија, многу македонски весници што излегуваат на македонски јазик надвор од нашата држава (Народна Волја, Македонски Глас, весникот „Македонија“ од Торонто…) и многу други македонски организации и здруженија, македонски цркви итн.
Сите тие вебсајтови секојдневно ги одржувам и ги ажурирам со нови вести и информации…
На разни начини ги спонзорирам горенаведените (најчесто со бесплатен хостинг) и уште многу други македонски непрофитни организации…
Се разбира, и за овие трошоци сум свесен дека никогаш материјално нема да ми бидат покриени, но чувството е сепак прекрасно…

За крај, би сакал јавно да се заблагодарам на мојата сопруга Vesna Lukaroska и на мојот син Бранислав, за целата поддршка што ја имав и што ја имам за мојот политички и било каков ангажман поврзан со Македонија…
Тие ја знаат мојата љубов кон Македонија и знаат дека тоа ми е единствениот мотив за да го правам тоа што го правам!

Ацо Лукароски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e