Време без вакцина

Ви пренесуваме дел од колумната на Ѕвездан Георгиевски за Призма:

-Постојат, се разбира, повеќе, ама овие три дилеми се основните прашања што, за Божик, на последната година од втората деценија од 21 век, ги мачат Македонците, светот и целиот универзум.

Првото е она традиционалното, секојдневно и катавековно: како Мојсеј го пресекол Црвеното Море? Дилемата, всушност, е дали станува збор за еврејски заговор, со кој Евреите, преку светските управи за јавни приходи го завладеаја светот или станува збор за некој наш прадедо, Мојсо, кој така сакал да го одведе својот народ до неговата прататковина, покрај Белото Море?

Второто е дали паричката се врти за Бадник или за Василица? Во случајов, Евреите имаат минорна улога, ама затоа се тука Ротштилд, Рокфелер плус Сорос, односно сите оние што се занимаваат со паричките од македонските погачи, зелници и мазници. Секако, оваа дилема, дури многу повеќе од онаа за Мојсеј, ќе трае тука секој Бадник и секоја Василица.

И третото, најважното прашање е дали нашите деца треба да се вакцинираат и зошто не? Тука веќе се вплетени и Евреи, и масони, и вештерки, и Ротшилди, и Сороси, и, секако, фармацевтската и медицинската мафија.

Како што сега стојат работите, човечката цивилизација ќе има најмногу полза токму од македонските полемики за штетноста и за штетноста (се разбира, не за полезноста) од вакцините. Мораше, ете, да дојде и тој 21 век, па да сфатиме дека прашањето на имунизацијата било основно човеково право, слободен избор на родителот, и, да не должам, фундаментот на демократијата…

Да сфатиме дека задолжителното вакцинирање е само тендерска мафијашка работа, дека аутизмот немало да постои ако немало вакцини, дека преку вакцините се стерилизира нацијата, дека има еден куп невакцинирани деца и ништо не им фали, дека 12 (15?, 18?) заболени деца не се епидемија, дека имало и вакцинирани деца што заболеле од морбили итн

Целата колумна на Призма на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e