Вистината кога ќе излезе на виделина боли!

Вистина. Толку ли е болна. Да, толку ли многу боли кога некои ќе ти каже дека си виновен. Дека си го прекршил Законот! За вистината да остане мртва „моќниците“ прават се „пред народот“ да останат чисти. Така е и деновиве. Дежурни виновници се новинарите. Моќниците не ги сакаат. И тогаш кога со факти им им кажуваат дека е црно тие велат дека е бело. За да не бидат тие виновни, туку новинарите, не бираат ни пари ни сила, ни моќ. Така било со години. Така е и денес.

Новинарите се најголеми виновници. Кога на некои моќник ќе му се „нагази на ногата“ не жали ни пари ни авторитет. Гази се пред себе. Реагираат, се лутати и се закануваат на седмата сила која секогаш е виновна што „чепка“и ја бара вистината. Кој ја поминува црвената линија на Законот?. Аргатите!. Не, тие немаат ниту сили ниту можности да го направат тоа.
Моќниците.
Да.

Оние кои имаат власт и оние, кои преку ноќ „ со пот“ спечалиле големи „валкани“ пари и кои мислат дека можат со нив да купат се. Да наредат и судиите и полицијата и испекторите да „замижуваат“ на нивните нечесни игри.

Најавениот „Македонски инсајдер“ на 1ТВ, не само што ја разбранува македонската јавност туку некои од моќниците „си ги покажаа нозете“. И се заканија.

Новинарката Јовановиќ од Канал 5 била прогласена за „атеист“ па обезбедувањето на големиот христијански празник Водици не и дозволило да земе изјава од момчето што го фатило крстот. Била „убаво“ истепана. Болки по телото, рацете, вратот. Буткани биле и другите новинари. И сето тоа се случува пред очите на првиот на МПЦ.

Дали обезбедувањето на своја рака ги „тепала“ новинарите или пак тоа било со знаење на „Господовите гласници“?. Или пак „праксата“ на Груевски и понатаму е тука. Девизата на „вождот“ беше јасна:„Ако не си со нас тогаш си против нас!“. И полиција и судот не судеа според Законот туку онака како што ќе им кажеше Грујо и неговата тајфа. Кежаровски, Младенов, Костова,Тевчев и кој знае уште колкумина добија и закани и од Власта и од моќниците. На колкумина камермани им беа скршени или одземени камерите. Но, вистината не успеаа да ја скријат.

Некои платија со живот, некои со затвор, а некои со губење на работните места. Зошто?. Да, зошто?. Дали поради тоа што на виделина ја изнесуваа вистината?

Дали поради тоа што кажаа дека Грујо ја направи Македонија заробена држава. Дали поради тоа што „преку ноќ“ родените можници и верните партиски војници, можеа да прават се што сакаат?. Грујо ниту еден од нив не обвини туку виновни ги прогласи новинарите. Да, тие се виновни. Тие се државни непријатели! Дали Влада на Заев , која јавно изрази револт за случувањата на Камен мост, ќе ги остави корените од груевизмот и понатаму да се шират или не само со зборови туку и на дело ќе покаже дека е за вистината. Дека новинарите слободно ќе можат да им „чепкаат“ на политичарите , на моќниците, на бизнисмените и сите други кои го кршат Законот. Дали еднаш и Владата и моќниците ќе сватат дека откривањето на вистината, е работа на новинарите?. И дека треба новинарите да се остават да си ја вршат својата работа.

Стоилко Андреевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e