Утре над 20 илјади тутунопроизводители ќе подигнат околу 25 милиони евра за субвенции

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски уште еднаш вечерва потенцираше дека во текот на утрешниот ден тутунопроизводителите ќе си ги добијат парите за субвенции.

“Потврдуваме дека утре над 20 илјади тутунопроизводители од банките ќе подигнат околу 25 милиони евра за субвенции. Парите на сите земјоделци исплатени целосно и во еден ден. Благодарност до целиот тим што направи се од себе да се решат затечените проблеми, системските блокади и многубројни пречки за исплатата. ПаритеКајГраѓаните!” – напиша на Фејсбук, Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e