Убавото лице на ВМРО-ДПМНЕ

Ви пренесуваме дел од колумната на Џабир Дерала за Цивил Медиа:

-Немаше потреба од магии и посебна моќ за да се предвиди што ќе се случува со и во ВМРО-ДПМНЕ по гласањето за уставни промени доцна навечер на 19 октомври. Утрото, пред големата одлука, кога рускиот играч Мицкоски остана без осум пратеници, напишав „Среќен нека ви е денот на ВМРО. На тој датум веројатно и ќе се распадне ДПМНЕ. Празнично.“ (РАФАЛ: „Македонскиот политички надреализам“) Да, токму на денот кој сите сме принудени да го славиме како национален празник. А тоа да ти бил верско-окултен празник на кој партијата „доживува катарза“, според зборовите на малкуте преостанати верници , Александар Николовски.

Провинцискиот Нерон

Мицкоски остана и без учесниците во крвавиот напад врз Собранието кои сфатија дека биле топовско месо за спас на Груевски и Фамилијата. Останаа и без едниот громовац, иако тоа е навистина невидлива гребнатинка, колку што партијата им е невидлива и безначајна, без оглед на огромното богатство на вулгарниот квази-политичар и метеоролог од Подржи Коњ. Тоа што најмногу ја потресува партијата е сплитот во Фамилијата – караницата меѓу братучедите Мијалков и Груевски.

Провинцискиот Нерон на политичката сцена, послушник што нема сенс за политика, ниту за лидерство, во настап на својата жестина реши да мавта со партискиот печат и да дели исклучувања во највисокиот партиски ешалон, прво Петар Богојевски и неколку други, а во пресрет на празникот им – Митко Јанчев, Костадин Богданов, пратениците што гласаа за уставните измени, Никола Тодоров, па и моќниот Сашо Мијалков. Мицкоски и неговите најблиски послушници тргнаа во тотална војна, бранејќи го последниот политички бункер во кој се наоѓа стуткан и преплашен, правосилно осудениот и „упатен“ во затвор Никола Груевски.

По остриот раб на ножот

Сега навистина останува вака распаднатата Фамилија и нејзините верници да се потпрат врз „сенародниот отпор“ на десните левичари, удбаши и очајни професорки, петпарачки петлиња и кокошки од дното на политичките кариери и лоши глумици.

ВМРО-ДПМНЕ оди по остриот раб на ножот. Расколот беше очигледен со појавата на првата постава на Реформаторите, а може да се каже и порано, со групата собрана околу Јове Кекеновски.

Сега настапува периодот на (полу)распаѓање на партијата, а не катарза, како што сака да верува Николовски.

ДПМНЕ на суд?

Има најмалку три правци во кои може да се развива оваа мачна и мрачна политичка сапуница. Најневозможната од сите е ситуација во која ВМРО-ДПМНЕ како партија во целост може да биде соочена со тешка одговорност за сите недела, криминали и предавства на националните интереси во изминатите години, па и децении.

Последното од таа низа би била одговорноста на ВМРО-ДПМНЕ, како правно лице и организирана структура, за крвавиот напад на Собранието. Во тој случај, ќе се доведе во прашање целокупното постоење на оваа партија како правно лице на политичката мапа на земјата. Но, нема такво правосудство во Македонија, што би се надминало себеси и би започнало и завршило еден таков процес.

Притоа, ако таквото правосудство е праведно и неселективно, ќе мора да го фрли својот поглед и на сите останати политички партии во земјата… Е, тоа би била катарза!

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e