Туфегџиќ: Служење со монтажи кои доведуваат под знак прашање интегритет, дигнитет и морал на личност се одлика на безидејните и кукавиците

Во одредени моменти во овие 2 години координирано се шири една слика од мене која е фотомонтажа.
Служење со монтажи кои доведуваат под знак прашање интегритет, дигнитет и морал на личност се одлика на безидејните и кукавиците.
Пораката до штабските креативци кои ја шират, пак е секогаш иста, а тоа дека не знаат и никогаш нема ни да научат дека имаат многу неуспешен метод за да се пресметуваат со жени.
Знам дека се работи за женомрзци кои зад тастатури скриени истураат фрустрации па затоа имаат потреба секогаш да воведуваат сексуална конотација со жени на функции, ама верувам дека општествово има поголема моќ од нив и нивните координатори по штабовите.

ФБ статус на Ивана Туфегџиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e