Спасов: Кандидатката за градоначалник Данела ни се нуди и рекламира како ” Нутела”

Данела и Трамп
Откако Доналд Трамп ја објави својата кандидатура за претседател, угледниот Вашингтон пост ангажираше над 20 свои новинари и истражувачи, тројца уредници и низа проверувачи на факти да ги откријат сите поединости од неговата биографија, неговото семејно стебло, бизниси, навики и афери со образложение дека тој до тогаш не бил на било која политичка функција и јавноста мора да ги знае пред да гласа за него со сите релевантни информации од кои може да зависи како би можел да се однесува тој човек ако биде избран за претседател. Резултат на тоа обемно истражување беше книгата Трамп-амбиција, его, пари и моќ на американски начин,во која на цели 500 страници е опишано се, од неговото детство до денес со бројни поединости за неговите предци, бизнисите на татко му и неговите бизниси.
Книгата беше објавена неколку месеци пред изборите во 2016.година.
Јавноста во САД по ова не можеше да каже дека гласа за “мачка во вреќа”.
Кај нас за жал, новинарството уште не се гледа себе си во таква улога.
На пример, кандидатката за градоначалник Данела ни се нуди и рекламира како ” Нутела”.
Таа излегува од екраните како гумена кукла и виртуелен лик кој низ насмевка ни вели “ќе ве возам бесплатно низ Скопје” и ќе купам 25О нови електрични автобуси.
Кога некој деновиве праша кое е нејзиното семејно стебло, кој и е татко, каков бизнис тие имале и врз основа на кој успех во нејзиниот личен бизнис таа смета дека би била добар менаџер, веднаш се јавуват
“адвокати” кои прашуваат: како не ви е срам да прашувате кој и бил татко и зошто тоа би било важно?
А важно е. Како и во случајот со Трамп.
Важно е да се знае дали е точно дека татко и бил вработен во МВР во одделот за борба против дрога. Дали се стекнал со имот со кој се купени два хотела во Скопје. Лага ли е тоа. Дали салата “Расадник” ја изнајмила Данела во 2002 година за месечна кирија од 1000 евра и нејзина компанија под име “Империјал-Данела” останала должна за неплатени сметки за струја во висина од над 100 тина илјада евра.
Врз основа на кој и каков успех во приватниот бизнис таа станала Претседател на работодавачите па потоа и на Сојузот на стопанските комори. И врз основа на кои заслуги за Унгарија таа била предложена од нив, а од нас прифатена за почесен конзул во Македонија со што се стекнала со дипломатски статус и пасош во времето на Груевски.
Можеби зад сето тоа се крие успешна семејна и лична приказна но, некој треба да ја раскаже без разубавување.
Не е доволно како Данела само да изјавите дека се шират “злонамерни лаги” за неа и се дека додека тие што шират такви лаги за неа таа нема да оди на јавни и тв дебати со нив.
А одеше на такви тв дебати пред првиот круг на изборите кога односот за дебатирање беше 10:1 во корист на неа и на другите кои со 10 пати повеќе тв време, хорски го напаѓаа Шилегов.
Сега поучена од својот ментор и заштитник Груевски, таа изјавува во негов стил. Не е мое ниво Шилегов за дебата , нема што да разговарам со него бидејќи јас како и Груевски “разговарам само со народот”.
И пак нема медиуми кои ќе и објаснат дека учество во тв дебата со противкандидатот за градоначалник на Скопје е должност, пристојност и потреба на јавноста и за гласачите и дека ако таа не учествува во дебати ќе треба да остане како Груевски своите одговори и научно фантастични проекти и лаги да им ги презентира само на новинарите кои нема да поставуваат незгодни прашања во емисиите како Јади бурек Шоуто на Милеко или егзибициите на Латас.
За сега се чини дека само тој стил и тоа друштво и лежи.
Но, за тоа да може да го прави не е само таа виновна.
Трамп тоа не си го дозволуваше покрај сета своја ароганција. И не му дозволуваа. Се знаеше дека такво однесување се смета за непристојност и за кршење на правилата во изборната трка.
ФБ статус на Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e