Сите налози за исплата на субвенциите за тутунот се одобрени, парите се префрлени и исплатата тече во зависност од политиките на банките

-Ве информирам, дека сите налози за исплата на субвенциите за тутунот пристигнати во Министерството за финансии од страна на Платежната агенција, се процесуирани и одобрени. Парите од Буџетот во износ од близу 25 милиони евра се префрлени и исплатата тече во зависност од политиките на банките. Односно, некои земјоделци пари на сметка добија уште вчера, некои утринава а дел ќе ги добијат попладнево. Според динамиката, исплатата на субвенциите комплетно за сите околу 21 илјада тутунопроизводители ќе заврши до крајот на денов. Воедно Ве информираме дека во тек е и исплатата на субвенциите односно процесот на пребивање на долговите што ги имаат дел од тутунопроизводителите по различни основи, со сумата на субвенции што треба да ја добијат. Станува збор за околу 500 тутунопроизводители. Според податоците од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, 51 тутунопроизводител немаат валидни податоци за трансакциски сметки и матични броеви што е основен услов за да може да се реализира исплатата на субвенциите, информираше преку социјалните медиуми министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e