Шутка и Топаана попаметни од Центар?

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за Цивил Медиа:

-Во модерните држави на 21 век би требало да е општо место прашањето на правото на државата – односно, нејзината должност – да го регулира елементарното јавно здравје на граѓаните, во што спаѓаат и вакцинациите на децата од сипаници. Ако, со право, очекуваме јавната власт летоска да прска против комарци, а зимоска да ги чисти улиците од снег, како може да се доведува во прашање принципиелниот став здравствените власти да спроведуваат редовна вакцинација на населението за заштита од разно-разни епидемии чијашто научна валидност е докажана барем стотина години наназад?

Тоа не ја спречува потребата од жестока дебата за квалитетот или за цената на вакцините, или за стручната и политичката одговорност за ефикасната организација на тие масовни кампањи. Низа од тие аспекти се секогаш отворени за подобрувања и за подигнувања на квалитетот на таквите услуги.

Но, да се доведува во прашање самата идеја дека државата нема право да се меша во „приватниот“ избор на родителите за тоа дали децата треба да се вакцинираат е постапка која ја загрозува општата, а не само индивидуалната здравствена безбедност на поединечни невакцинирани деца. Бидејќи, суштината на масовните епидемии лежи токму во фактот дека системот за превенција е толку отпорен, колку што е неотпорна нејзината најслаба алка: да, болестите се пренесуваат поединечно и, во принцип, секогаш постои ПРВИОТ заразен кој е причината за ширење на епидемијата во услови на поголем број невакцинирано население.

Добро. Ова, навистина, би требало да е најопшто место по прашањето за јавното здравје и организацијата на државата во таа општествена сфера.

А потоа се измисли корисната, но и моќна заводливост на интернетот, па следуваше уживанцијата за неограничено ширење на хистерија на фејсбук, паралелно со општиот слом на правната држава во Македонија и генералното сомничење кон секоја власт дека станува збор за елабориран заговор против народот! Следуваа и низа секојдневни докази во поткрепа на таа антинародна конспирација. Сите станавме експерти во таа област, бидејќи сите имаме и лични искуства во борбата против узурпациите на нашата држава против нас самите.

Зошто, тогаш, прашањето за користа од вакцинацијата би имало поинаков третман во јавноста од прашањето за морално-политичките аспекти во бегството на Груевски, на пример; или за тоа дали Земјата е рамна (како што тврди онаа криминогена будалетинка со козите, кој има илјадници будалести следбеници) или во облик на топка?!

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e