Што ќе бевме денес без македонските уметници

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Биљана Секуловска за НоваТВ:

-Ех, да имаше толку храброст музиката, да можеше, да знаеше дека може да биде и заробена, и стуткана, и исплашена, ужасната од сопствената сила и моќ, од влијанието кое го има врз нас.

Каков ќе беше тој свет ако беше музиката само обичен ред на неколку певливи ноти, испревртени и педантни хармонии, слаткасти и сувопарни и убиствени мелодии, повторливи рефрени кои инсистират да се усклади римата, да нема промашувања, да биде предвидлива, да не биде опасна, да не тера во баналност, да се подразбира нејзината обичност, но и големина, да биде сфатена буквално. Дека тоа е само обична музика и ништо повеќе. Каква штета, каква грешка ако тоа навистина го помислиме.

Ех, да беше овој нов, храбар свет без тој товар кој го носи музиката, и со тоа и уметниците, да не знаат тие, македонските уметници, композиторите, пејачите, текстописците- зошто грми нивната музика, зошто е таа важна, зошто без неа не се може, што таа воопшто значи- нам, на светот, ним, на сите нас.

Е, да, низ редовите на книгите кои ги имате, секако дека мора со прстот да застанете на една страница- секако дека знае да биде здодевно, но прочитајте пред да ја затворите: “Музичката иновација е полна со опасности за целата држава и таа треба да биде забранета. Кога модусите на музиката се менуваат, фундаменталните закони на државата секогаш се менуваат со нив “. (Платон)

Ги следам дебатите за прославата низ 15 градови во Македонија за поканата во НАТО и отпочнувањето на преговори со ЕУ- прво, со особено внимание оние полемики кои алармираат за потрошените пари, иако сметката на јавни пари (не се државни, а веројатно најдобра дефиниција е- на даночните обврзници) се уште не е испорачана, власта започнува да изгледа дека безгрижно се однесува, непромислено, растрошно, што не е добро, што не е воопшто добро.

Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e