Секој север има свој југ

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Ерол Ризаов за Независен:

-Расправите во македонскиот и грчкиот парламент за „македонското прашање“ и тензиите во двете земји, кои имаат длабоки корени, повторно нè враќаат во минатото и предизвикуваат нови делби и омрази меѓу граѓаните и во Грција и во Македонија. Затскриени зад патриотизмот, во суштина се водат битки за власт, во обиди со примитивен популизам и национализам да се уништи едно одлично решение прифатено од демократскиот свет и кое носи мир и добрососедство и го отвора европскиот пат на Македонија, а Грција ја ослободува од една тешка дамка на попречување на иднината на една мала балканска држава која не претставува опасност за никого. Тој чин со Преспанскиот договор ја прави Грција лидер во регионот и пример како треба да се решаваат проблемите на Балканот, но и пошироко.

Текстот објавен во „Утрински Весник“ со наслов „Секој север има свој југ“ и поднаслов „Националниот идентитет не се означува спрема страните на светот“ пред 10 години, на 13 февруари 2009 година, покажува дека Грција и Македонија можеле да го решат ова прашање уште пред една деценија, многу веројатно и порано на истиот или сличен начин како и сега. Кој колку загубил поради тоа е непресметливо, особено за Македонија, која одамна ќе беше членка на НАТО и на ЕУ. Главните актери, кои тогаш немале храброст и политичка волја да ја завршат работата, сега се главни попречувачи на сопствените идеи, што јасно покажува дека се работи за битки за освојување на власта и тогаш и сега, наспроти државните интереси и интересите на граѓаните на двете земји. Во Грција главната улога ја одигрува семејството Мицотакис, најнапред таткото Константинос Мицотакис, поранешен премиер, кој прво јавна на бранот на популизмот, а потоа кога се одлучи за компромис беше сменет во партијата од лидерска позиција. По него, ќерката Дора Бакојани, позната во Европа и светот како поранешна министерка за надворешни работи, го понуди истиот сегашен компромис Северна Македонија, а сега нејзиниот брат Кирјакос Мицотакис, по многу проценки следниот премиер на Грција, е најголемиот противник на компромисниот договор од Преспа. Ете како политиката која се сведува само на освојување на власта ги профилира личностите на едно од најпознатите и највлијателни грчки семејства.

Целата колумна на Ерол Ризаов на „Независен“ на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e