А, сега ајде на работа

Ви пренесуваме дел од колумната на Ерол Ризаов за „Независен“:

Најголемото достигнување во независна Македонија, уривањето на барикадите на патот кон Европа, може да се претвори во најголем пораз ако тој огромен историски капитал се потроши бадијала. Не е за чудење, бидејќи и порано ни се случувало кога сме биле пред целта да направиме самоубиствено салто мортале и да уништиме се што е постигнато со голема мака, со жртви и со болни отстапки за да се ослободи државата од јарем и да се постигне историскиот договор со Грција, што беше предуслов за почеток на побрзиот развој и демократизација на земјата како пристојна европска парламентарна држава.

Европеизацијата на Македонија по отстранување на блокадите бара уште многу работа, преданост и храброст. За тоа треба прво да се совлада веројатно најтешкиот дел што зависи само од нас, а тоа се вика: промена на свеста. Треба на дело да се докаже колку е вистина дека огромното мнозинство граѓани, сите релевантни политички партии, сите состави на парламентот, сите влади и претседатели на државата, сите институции и развојни планови за иднината на земјата во изминатите 28 години биле со искрени заложби Македонија да стане членка на НАТО и на ЕУ. Во наредните осум до десет години мора да се потврди определбата дека тоа е најзначајната цел од која нема отстапување и дека Македонија има капацитет и човечки ресурси да го скрати патот до своите најголеми стратегиски приоритети кои со децении беа попречувани. Политичкиот натпревар за освојување на власта неопходно е да се насочи кон давање на довербата на политичките партии и лидери кои побрзо и поуспешно ќе ги остваруваат реформите кои водат кон членство во ЕУ и кон припадност на европското семејство, а не на тие кои ја пласираат упорно лагата за „подобар договор“. И во Македонија и во Грција тие што ветуваат такво нешто всушност се попречувачи на добрососедство и на иднината на Македонија. Подобар договор од овој не е можен, како што не можно ни неговото поништување. Мора да се тргне од овој факт за да се остварат интересите на мнозинството граѓани на Македонија. Ако со години беа оправдување пречките поставени од Грција, не ретко користени од политиката за прикривање и на сопствените грешки, повеќе не ќе бидат прифатливи такви оправдувања. Се бараат решенија. Затоа господа политичари од власта и од опозицијата, засукајте ги ракавите и ајде на работа. Пред нас е најтешката етапа во која треба да се спроведе во живот тоа што е содржано во договорот и што е прифатено со уставните измени.

Целата колумна на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e