Сарачини: Пробајте да ја замислите Македонија во вонредна состојба, со Груевски премиер, Иванов претседател и Тодоров како министер за здравство

РАЗЛИКАТА МЕЃУ НОРМАЛНОСТА И ЛУДИЛОТО СТАНУВА УШТЕ ПОВИДЛИВА ВО БИТКАТА СО КОРОНА-ВИРУСОТ

Наместо популистички и сензационалистички, нашите власти реагираат сериозно, мудро и соодветно на ситуацијата со корона-вирусот. Јасно е најавено, и нема кој не се согласува – нема да има избори. Но, нема ниту вонредна состојба, како што посакуваат многу политички дилетанти, авантуристи и профитери.

Замислете. Светска криза, ненормалност и потфрлање во многу поразвиени системи, а ние – почнуваме да личиме на нормална држава.

Досега, оние што ги водат институциите заслужуваат само пофалби. Нашата земја е меѓу оние што најдобро се справуваат со корона-вирусот и ги спроведуваат мерките за заштита, и според СЗО.

Имаме поригорозни мерки и од држави во регионот кои прогласија вонредни состојби, како на пример Србија, откако состојбите ги сфатија крајно несериозно, за разлика од нас.

Институциите функционираат, и здравството, и полицијата, Армијата, ДЗС, ЦУК…сите се координираат и соработуваат одлично. Голем дел од граѓаните покажуваат висока свест за состојбата. Истото важи и за голем дел од медиумите и новинарите, јавните личности.

За да не бидеме урочени, за наша „среќа“, тука се нашите редовни лудаци, ширачи на лажни вести и алуминиум и будалите што им веруваат ги поддржуваат – трагачи по „цврста“ рака (или „долга“, сеедно). Само тие се несреќни. Секогаш и на сè ќе најдат маана, ако не е по нивно.

До вчера, исто како Вучиќ во Србија, се исмеваа со болеста, па велеа дека Заев моли бога да дојде вирусот да ги одложи изборите, секојдневно ширеа и шират глупости и дезинформации, за на крај за завршат, освен со барање за одложување избори, со барање за воведување на вонредна состојба ?!

Тие и нивните алуминиум-медиуми и војски на социјалните мрежи се потсетник за тоа колку лесно и кај нас беше и може да биде многу полошо, ако тие, не дај боже, бидат во можност да раководат со нашата држава во вакви времиња.

На таквите им пречи тоа што нема вонредна состојба, што има успех во справување со кризата, што државата функционира без да се меша партијата, што има одговорност, целосна отвореност, нема криење на пропусти, се работи посветено за јавниот, а не партиски интерес…

Ако не ви е јасно, пробајте да ја замислите Македонија во вонредна состојба, со Груевски премиер, Иванов претседател и Тодоров како министер за здравство. И споредете ги со Пендаровски, Заев, Спасовски, Филипче…

Има разлика, нели?

ФБ статус на Петрит Сарачини

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e