Рамадани: Макрон ни го направи ова НЕ за да се устоличи како нов единствен лидер на Европа

Сега после резолуцијата на ЕП може да запишеме за да не остане некажано. Макрон ни го направи ова НЕ за да се устоличи како нов единствен лидер на Европа. Во незавршените, но последни денови на Британија во ЕУ, во последните денови на досегашната персонификација на прва фигура на ЕУ, Ангела Меркел и дознавајќи за шовинистичките расистичките виорења на Данска и љубомората на Холандија кон Албанија, зафатеноста на Шпанија со Каталонија и тазе лидери во Италија помислил дека сега е НЕ-то преку кое токму тој ќе биде лидерот на ЕУ.

Чудни се овие луѓе со случајно добиен легитимитет. Откако ќе станат први забораваат на почетниот добиен резултат. Имаше Косово случај скоро ист со Рамуш Харадинај кој со 8 посто гласови стана премиер и после се чудеше зошто само 8 посто вреди?! Да се присетиме дека Макрон стана прв на Франција зошто некој кој се очекуваше да биде втор испадна трет и падна во прв круг. Па дури потоа осниваше партија. Доловувајќи ете вака во од легитимирање.

Макрон бил средношколец во 2001 година кога ние сме потпишале пакт на Асоцијација и стабилизација па веројатно учел дека токму тука некаде била киднапирана Европа и ако не се знае каде завршува би требало да знае дека всушност тука почнува. Не може политички сојуз на еден континент да се граничи со земји кои сакаат и се трудат да станат дел од тој сојуз.

Но, ние испаднавме среќници зошто ова сега ќе му го ставаат до знаење внатре во ЕУ и големи и мали земји. Ние слободно може да земеме пуканки и да сработиме понекоја реформа и од страна да гледаме како ќе делува европското менгене кон овој што толку го обезвредни европското па и француското влијание сега и во Азија, Африка па и цел свет.

ФБ статус на Рамадан Рамадани

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e