Pussy riot

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Кокаланов за Призма:
-Уште еднаш се покажа и докажа дека Македонија е многу посебна и различна од остатокот на светот – еве, на пример, за сите останати „Русија 2018“ заврши изминатиов викенд, а за нас допрва почнува.

И навистина сме обесправени од Мечката во овие политички, дипломатски и шпионски игри. Додека во САД, односи со американски граѓани за руските интереси воспоставувала убавицата Марија Бутина, кај нас овде заштитата на историските сестрински сесловенски врски на колепката на словенството и Руската Федерација им се препуштени на Јанко Бачев, Мицов-Влахов и Мирка Велиновска. Ну, погоди, Кремљ, почекај малку, не може тоа така, давај нешто малку посвежо.

Има и мала иронија во сево ова, добро не баш мала, особено кога станува збор за начинот како се поттикнувале борците за одбрана на името во Македонија – имено, со пари од грчки бизнисмени. Па, добро бе, нели ние што бевме за компромис, бевме грчки платеници, не правете ни сега вакви проблеми со идентитетот.

Како и да е, Македонија, и покрај тоа што е географски мала и навидум небитна земја, не смее да седи со скрстени раце и треба остро да одговори на предизвикот и на фрлената ракавица од Москва.

Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e