Прво полувреме: Мицкоски – Мијалков 0:0

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за Цивил Медиа:

-Хан ни твитна од Финска дека ја поздравува посветеноста на Мицкоски да не го попречува спроведувањето на Преспанскиот договор во Собранието. Мислам дека слична „посветеност“ Мицкоски ѝ беше пренел и на г-ѓа Меркел за време на нивната средба во Скопје, а во врска со „непопречувањето“ на референдумот.

Сепак, уште додека траеше тој дваесетминутен разговор на Христијан и Ангела, операцијата за бојкотирање на референдумот детално оперативно се разработуваше во партијата на Мицкоски, под негова субординација, се разбира. Ангела, би се рекло, остана разочарана.

Таа загубена доверба во ветувањата и, потоа, самите постапки на Мицкоски во однос на неговата вистинска внатрешно-политичка и партиска агенда во Македонија, неговите колеги од здружените европски конзервативни партии (ЕПП) непријатно му ја ставија до знаење со демонстративната покана на собирот во Финска да присуствуваат речиси сите „протерани“ кадри по внатрепартиската чистка што ја спроведе Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ.

Мноштво слични сигнали – сетете се само на непријатната средба, „од стоење“, на Груевски со Меркел на Малта, во март 2017 година, на сличен собир како овој сега во Финска – отворено му се праќаа и на претходникот на Мицкоски. Тогаш Груевски реши таквите предупредувања да ги игнорира. Се виде – иако поточно би било да се каже „се гледа“, бидејќи последиците уште се „одмотуваат“ – како и каде (ќе) заврши и партијата и Груевски со својот игнорантски став кон меѓународниот фактор.

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e