Пратеникот Бранко Маноиловски од ДУИ ми е хит – Цар!

Пратеникот Бранко Маноиловски од ДУИ ми е дефинитивно хит моментно! Цар! Вознесен сум од неговото обраќање од Собранието на Р. Македонија. Па дури и трогнат за сите аспекти кои ги опфати по однос на прашања поврзани со ЛГБТИ-популацијата во Македонија, искажани во оваа институција.
Прво, никој не одвоил толку време за да одговара на новинарски прашања, на толку сензитивна тема за општество како нашето.
Второ, човекот е највозрасниот пратеник во овој парламентарен состав. Има 75 години. Датумот на раѓање му е револуционерен. Исто како и неговите вчерашен и денешен настап како пратеник во Р. Македонија. Роден е на 2-ри август 1941 година.
Денеска, пратеникот Маноиловски, одржа лекција при комуникација со новинари. Лекција за човекови права, објаснета низ призма на едноставност, народност, без пакувања во целофан и нудење обланди.
Тој се обрати на англиски јазик за да го разберела и меѓународната заедница што живеела тука. Потоа зборуваше на македонски јазик, одговарајќи на прашањата.
Пратеникот Маноиловски е пример. Како ќе реагира ДУИ на личното мислење на пратеникот Маноиловски, останува да се види.

И да – ова на Маноиловски е личен став (мислење, израз, говор…) зашто НЕ СОДРЖИ говор на омраза, нетолеранција, дискриминација, ограничување на правата и слободите во сооднос со меѓународните конвенции.
Она на Зеќири не е личен став (мислење, израз, говор…) како слобода на изразување, туку говор на омраза, заснован на нетолеранција, полн дискриминација, со барање за ограничување на правата и слободите на граѓаните.

Доколку не сте знаеле – Зеќири, како пратеник во Собранието, покрај другите активности е и заменик-член на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Ме интересира, за сите граѓани, освен за ЛГБТ ќе биде заштитник?

Владејачката партија СДСМ да си преземе мерки кон Зеќири, и да не се пере низ призмата дека тоа било личен став на Зеќири, и тие не го споделувале како партија. Зеќири е ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ на партијата и ПРАТЕНИК, а не на месна заедница во Благодарево. Нека се поучат од постапки на нивни сестрински партии низ Европа.

Огнен Јаневски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e