После изјавата на Латас се повеќе верувам дека Заев ни ги спаси животите! Тоа треба да се признае без грам цинизам!

После изјавата на Латас дека “тој работел за пари, а не било важно што тој мислел за конкретни теми”, ми се потврдува тезата која требаше да биде спроведена во пракса: Заев и Села требаше да бидат убиени, 22-те невладини затворени, а конкретни луѓе од тие организации требаше да не видат бел ден од судски рочишта за “велепредавство на сопствениот народ”. После изјавата на Латас во која си потврдува дека е обичен платеник, уште и си потврдува дека упадот во Собранието беше упад на убијци и платеници. После изјавата на Латас, денес во Македонија се потврдува и тоа дека оваа земја не е излезена од идеолошкиот дрил што се случи после падот на Берлинскиот sид: војната трае, Русија версус Америка. После се’, ја се’ уште верувам дека Зоран Заев – без разлика колку и да звучи патетично – ни ги спаси животите! И буквално и симболички. Тоа треба да се признае без грам цинизам! Зоран нам ни ги спаси животите. А тоа не е малку, тоа практично е се’ за еден човечки живот.

Ненад Марковиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e