Петровски: Потезот на Франција е разочарувачки, но наскоро Европа ќе сфати колку оваа одлука е несмасна и непромислена

„Србија не може да се помири со фактот дека Косово е реалност и е независна држава. Русија не се откажува од Балканот… Барем да прави што поголеми проблеми, ако ништо друго… И, моменталното не примање на С. Македонија и Албанија во ЕУ веднаш го користи, и Русија веднаш најавува војна вежба, именувана, како “Словенски Штит'(!?), и веќе довлекува нај современо оружје во Србија т.е. во непосредна околината на С. Македонија и Албанија.

Потезот на Франција е разочарувачки за Албанија и С. Македонија, но наскоро Европа ќе сфати колку оваа одлука е несмасна, непромислена и колкаво негативно влијание може да има за нивното влијание на Балканот и напорите да го заврши приклучувањето на целиот Балкан кон ЕУ!

(Тука е Босна која се повеке се ниша на своите стаклени нозе. Србија која е се повеќе евро-скептична и сл.) Европа (поради Макрон ) пред се, си направија големи проблеми самите на себе! И тоа допрва ќе го дознаат! п.с. Се сеќавате на ужасно спорите и не плодните преговори во Рамбује – за прекин на војна во бивша Југославија, каде Франција, па и целата ЕУ ја покажа својата не ефикасност и немоќ. Потоа, преговорите, се преселија во американската база во Дејтон и се’ се реши за помалку од две недели!!!

Фејсбук статус на Југослав Петровски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e