Па, не сега и не со тие шпиц-чевли!

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Ордановски за ЦивилМедиа:

-Македонија – нејзината поделена политичка елита и нејзината поларизирана јавност, од која таборот на воздржани или незаинтересирани граѓани е најголемата „партија“ на сцената – не е навикната на функционирање на правната држава. Тој однос е искуствен – народски, се вика „дување на маштеница“ – што предизвикува недоверие дури и кога правната држава покажува некакви знаци на живот: ако ги приведеш, зад тоа стои политичка одлука; ако не ги приведеш, пак зад тоа стои политичка одлука; ако е казната висока, таа е политички диригирана; ако е ниска, секако е политички диригирана; ако се судењата згуснати, се одговара на политичките потреби, а ако се развлечени, пак политиката стои зад тоа… Што и да направи правната држава (судство, обвинителство, истраги…), таа се доживува како „слуга“ на политиката.

Мицкоски тврди дека судството е под директна команда на „аболицираниот Заев“. „Кацарска судство“, „десет пати полошо“ од претходното „Сваровски судство“. Вели Мицкоски. Математички прецизно и политички евтино.

Парадоксално, сето горе наведено, и кога делува контрадикторно – може навистина да е резултат на политиката! Топло-ладно, брзо-споро, луто-благо, за сè да е, истовремено, одговорна само политиката.

И потоа се појави СЈО.

Да не должам: начинот на кој делува СЈО – а, како последица на тоа, можеби (само можеби) и некои други позиции во судството – покажува КРУПНА политичка некоординираност со сегашнава власт. И порано се случувало нивните одлуки за истраги и обвинувања (на пример, и покрај долго учената вештина на албанската илегала ништо важно да не се комуницира по телефон, под истрага се и Али Ахмети и Бујар Османи, што сигурно не е баш пожелен контекст за коалицијата на СДСМ со ДУИ), но последните приведувања на Камчев и Мијалков – и уште некои за кои се претпоставува дека ќе следуваат, можеби и додека го читате овој текст – е директен удар во политичкото меѓуножје на Заев!

Колумната на Сашо Ордановски во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e